Џеф Безос, од работа во гаража до милијардер

975

Приказната за Џеф Безос, основачот на Амазон, е уште една во низата примери за неверојатниот успех на интернетот. Неговото богатсво се проценува на 23 милијарди долари.

Џеф Безос е роден како Џефри Престон Јоргенсен во Албакерки. Неговите предци биле доселеници кои некогаш живееле во Тексас, каде што со генерации се стекнале со 25.000 хектари ранч во Котули. Неговиот дедо по мајка е познат како регионален директор на американската комисија за атомска енергија. Тој рано заминал во пензија, па така Џеф, заедно со него на ранчот поминувал поголем дел од летото, каде како дете покажал големи механички способности.

Бракот на неговите родители не траел долго, а кога Џеф имал само пет години, неговата мајка повторно се венчала, овој пат за Мигел Безос, кој од Куба емигрирал во САД. Тогаш неговото семејство се преселило во Хјустон, каде гаражата на своите родители ја пренаменил во лабораторија со бројни научни проекти. Сепак семејството долго не се задржалo во Тексас. Тие набргу се преселиле на Флорида, каде Џеф го завршил средното училиште, а меѓу останатото и обуката за ученици заинтересирани за наука на Универзитетот во Флорида.

Тој потоа заминал на познатиот Универзитет Престон, каде планирал да студира физика, но сепак се вратил на својата љубов, компјутерите и во 1986-та година дипломирал електротехника и компјутерска наука, како првенец во својата генерација.

По студиите започнал да работи како информатичар на Вол Стрит, прво во Фител, а потоа во Банкерс Траст, но и во компанијата Д.Е. Шоу. Таму ја запознал и својата сопруга Мекензи, па во 1990-та година бил именуван за потпретседател.

И покрај успешната кариера во еден од најголемите хеџ-фондови, во 1994 година Џеф Безос одлучил да поднесе оставка и да основа својата интернет компанија. Безос всушност открил дека употребата на интернет има годишен пораст од 2.300 проценти и токму во тоа го видел својот иден работен потенцијал.

Размислувал како традиционалниот вид на работа би можел поефикасно и побрзо да се изврши онлајн, а одговорот го пронајдол токму во формата на онлајн-книжарници. Работата ја започнал во својата гаража, по исцрпното тестирање на бета верзијата на Амазон, во 1995-та година излегол на пазарот. Веќе во првиот месец, без никакво рекламирање Амазон продавал книги ширум САД, но и во 45 странски држави во вредност од 20.000 долари.

На инвеститорите на почетокот им велел дека компанијата има 70 проценти шанси за неуспех, а поголемиот дел од нив биле членови на неговото семејство, кои до крајот на деценијата биле потешки за неколку милијарди долари.

Скептиците се сомневале во онлајн-книжарницата и предвидувале дека ќе има само краткотраен успех, но Амазон веќе 1998-та ја прошири продажбата со ЦД-а, филмови, облека, играчки и електронска опрема.

Додека голем број на интернет компании не успеаа по првичниот бум, Амазон од 510.000 долари промет 1995-та година, дојде до 17 милијарди промет во 2011 година.

Рецептот на Безос за успех:

-Стратегијтата да се темели на работи кои нема да се променат.
-Опсесијата на купувачите.
-Подготвеност погрешно да ве разбираат во подолг временски период.
-Постојат два вида на компании, тие што сакаат да наплатат повеќе и тие што сакаат да наплатат помалку, одберете го второто.
-Утврдете што им треба на вашите клиенти, и понудете им го тоа.
-Културата треба да ви биде мирна и пријателска, но ако се појави притисок треба да знаете да се справите со се.
-Ако сакате да бидете инвентивни, морате да бидете подготвени на падови.
-Во минатото се користеше 30 проценти од времето за правење на голем интернет сервис и 70 проценти да се промовира, сега ситуацијата е обратна.
-Секој треба да знае да работи во телефонски центар.
-Ова е тек првиот ден на интернет, а морате уште многу да учите.