Две момчиња во Задар загинаа откако со автомобилот по направениот „карамбол“ на улицата завршиле во морето

588

Во тешка сообраќајна несреќа две момчиња ноќеска околу 23.15 часот го загубиле животот во центарот на Задар откако со автомобилот завршиле во морето на длабочина од осум метри. „Ауди“ поради неприлагодена брзина направило карамбол во центарот по што завршило во морето, при што животот го загубиле возачот (20 г.) и неговиот совозач (17), додека две лица на возраст од 17 и 22 години се повредени.

Едниот од повредените (17) се наоѓа во болница со тешки телесни повреди опасни по живот, додека четвртиот сопатник при „летањето“ на автомобилот кон морето успела да скокне од кабината. И тој се наоѓа во болница, но тежината на неговите повреди сеуште се утврдуваат пренесуваат медиумите.

Покрај полицијата на теренот каде се случила несреќата излегла и противпожарната служба. Телата на загинатите од морето ги ваделе нуркачи кои влегле во водата синоќа од 23.30 часот и работеле до 2.35 часот утрово. Местото покрај морскиот брег каде се случила страотната несреќа било целосно затворено од старната на полицијата.