Гола жена минатиот петок упадна во студиото на романската телевизиска станица „Антена 1“ и фрли камен кон водителката Мирела Бореану-Ваиду.
„Дајте ми ги парите, дајте ми ги парите“, извикуваше голата жена за време на нападот на водителката во студиото.
Водителката успеа да го избегне каменот, а двајца членови на телевизиската екипа набрзо потоа ја совладаа голата жена. Полицијата веднаш била повикана после инцидентот, а истрагата е во тек.
Жената се чини дека успеала да влезе во студиото преку споредна врата, а наводно никој не ја видел пред да ја нападне водителката. Снимањето било прекинато затоа што Ваида неколку минути била во шок.
„Се обидувам да останам мирна. Да, бев нападната непосредно откако пристигнав во студиото. Како што можете да видите, студиото е оштетено, а каменот кој го фрли можеше да заврши во мојата глава. Се плашам за мојот живот. Жената се залета кон мене и ме гледаше во лице додека го фрлаше каменот. Не разбирав што се случува, па не можев побрзо да реагирам. За среќа не ме погоди“, изјави видно вознемирената водителка.
Романските медиуми пренесуваат дека жената која го извршила нападот претходно била хоспитализирана во психијатриска болница во Букурешт.