Донација од Турција: Во Македонија пристигнаа 30 илјади кинески вакцини „Синовак“

512

Денеска пристигнаа 30 илјади кинески вакцини „Синовак“ против коронавирусот во земјава кои се донација од Турција, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„Денес пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“ како донација од пријателска Турција. Уште еднаш сакам да изразам голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина која е многу значајна за нас. Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата“.