Најмоќната летечка воена машина на денешницата: Американците за прв пат испратија ловец Ф-35Б во борбена мисија

852

Американскиот стелт ловец од петта генерација кој што може вертикално да полета и слета – „Ф-35Б“ или “Lightning II”, за прв пат бил испратен во борбена мисија.

Целта на можеби и најдобрата и најмоќна воена летечка машина на денешницата биле позициите на милитантите во Авганистан.

Борбениот лет на овој авион бил изведен од палубата на десантниот брод на американската воена морнарица „Есекс“ кој што може да понесе шест авиони од ваков тип. Претходно, овие ловци учествуваа во извиднички мисии во Сомалија, а потоа биле испратени од Аденскиот залив во северниот дел од Арапското море.

Како што соопштија од американското воено воздухопловство, авионот беспрекорно ја извршил својата задача и успешно биле погодени позициите на Талибанците во Авганистан.

Американски „СиЕнЕн“ исто така пренесе дека станува збор за првата борбена мисија на напредниот ловец од петта генерација и на овој начин, поморската пешадија стана првиот „член“ на американската армија кој што ги има употребено овие ловци за воздушни напади.

„Ф-35“ е едномоторен повеќенаменски борбен авион од последната, петта генерација кој што е опремен со стелт технологија, односно има мала видливост кај непријателските радари. Како моментално најмоќен борбен авион на светот, неговата намена е за превласт во воздушниот простор, борба против цели на копно и море, како и за извршување на извиднички мисии.