Домашна супа од домати со босилек

769

Оваа кремаста и ароматична супа од свежи домати со босилек е идеален летен оброк – лесна, здрава и полна со вкус. Совршена е како предјадење или лесна вечера, особено кога се служи со крцкав тост или домашен леб.

Состојки (за 4 лица):
1 кг свежи домати
1 лажица маслиново масло
½ главица кромид
4 чешниња лук
500 мл зеленчуков бујон
1–2 лажички паста од босилек
1 лажичка мед
½ лажичка димена црвена пипер
сол и мелен црн бибер по вкус

Подготовка:
Доматите исечкајте ги на коцки и оставете ги на страна. Загрејте го маслото во голем сад. Додајте ситно сечкан кромид и издробен лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест. Додајте ги доматите и продолжете со динстање, без капак, околу 10 минути, додека не омекнат и се распаднат. Смесата префрлете ја во блендер, додајте го бујонот и изблендирајте додека не добиете мазна супа (можете да користите и рачен блендер директно во садот). Вратете ја супата во садот и, доколку е потребно, додадете уште бујон за посакуваната густина. Додајте ја пастата од босилек, медот, димената црвена пиупер, биберот и солта. Поклопете и варете уште 5 минути.

Послужување:
Служете ја топла, со препечен леб или кротони, декорирајте со свежи листови босилок.