Откако Памела Андерсон на Инстаграм објави дека ја прекина врската со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами, вчера по тој повод се огласи и фудбалерот.
Памела своето поранешно момче го нарече чудовиште и го обвини дека водел “двоен“ живот. Во меѓувреме, Рами на својот профил на Инстаграм објави фотографија под која напишал текст во кој што проговорил за неговиот однос со Памела.
„Паузата никогаш не е едноставна. Памела е целосна личност која длабоко ја почитувам, со самодоверба, искрена во своите борби и кон неа мојата љубов секогаш беше искрена. Тоа е она што сакам да го паметам. Мислам дека не би требало да ја откивам нашата интимност, која само нас нè засега“ – напишал Рами.
„Во овој момент сакам нешто да разјаснам. Во ниту еден случај не живеам “двоен“ живот, едноставно сум поврзан и посветен кон одржувањето на трајниот однос со моите деца и нивната мајка Сидони која многу ја почитувам. Требаше да бидам транспарентен во овој двосмислен однос. Претпостаувам. Сакам мир и дискреција за нашето семејство и пријатели, дури и ако ме боли и ако сум повреден“ – напишал Рами.