Договорот за името следната седмица во Собранието

346

Договорот за надминување на спорот за името што го постигнале премиерите на Македонија и на Грција се очекува веќе следната седница да се најде на дневен ред во парламентот. Пратениците треба да се изјаснат за ратификација на договорот меѓу владите на Македонија и на Грција, по што законот за ратификација би бил испратен кај претседателот Ѓорге Иванов на потпишување.

Во случај Иванов да не го потпише законот за ратификација на договорот со Грција, тој би се вратил во парламентот и, ако биде повторно донесен со апсолутно мнозинство, претседателот е обврзан да го потпише.