Фолк ѕвездата Лепа Брена во една прилика откри дека во својот возен парк има автомобили за секој прилика, а папараците неколку пати ја снимаа како вози автомобил од 2 000 евра.
Како што пишуваат српските медиуми, нејзината снаа, сопругата на посинокот Филип, Александра Пријовиќ се почестила со автомобил од 160 000 евра.
Имено, овој викенд младата пејачка заедно со синот Александар одлучи да го помине на село кај нејзината баба и дедо.
Таа во кратките приказни на „Инстаграм“ објави неколку фотографии и покажа како ужива далеку од сообраќајниот метеж и вревата.
„Ти си мое сонце“ напиша Пријовиќ.
Александра одлучила да се почести и купила автомобил од 160 000 евра, пишува ало.рс
Како што пренесува овој портал, автомобилот е со фул опрема, а поседува и детска заштита за врата.
„На Александра секогаш и беше важно автомобилот кој го вози да биде сигурен и брз, а откако го роди синот Александар најважно и е да биде безбеден. Затоа бараше автомобил во кој ќе се чувствува сигурно кога со синот ќе тргне на пат“ вели извор за ало.рс
Пријовиќ не се огласи по повод овие пишувања.