Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге изјави дека пандемијата на коронавирусот ќе заврши кон почетокот на 2022-ра година.
Во разговор за данската државна телевизија „ДР“, Клуге нагласи дека и 2021-ва година ќе биде година на Ковид-19, но во текот на оваа година многу полесно ќе се управува со кризата, отколку што тоа беше случај во 2020-та година.
Клуге смета дека најлошото сценарио е зад нас и постојат повеќе податоци за вирусот во однос на 2020-та година кога за првпат започна да се шири.

Нагласувајќи дека никој не може да предвиди како ќе се развива епидемијата, Клуге ја изнесе својата прогноза: „Мислам дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022-ра година. И натаму ќе биде присутен вирусот, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувањата. Ова е оптимистичка порака“.
Говорејќи за мутациите на коронавирусот, Клуге објасни дека мутациите се нормални и дека вирусот се обидува да се прилагоди на заразеното лице.
Првиот човек на СЗО за Европа истакна дека будно се следи колку се ефикасни вакцините против коронавирусот поради брзината на ширењето на мутацијата.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











