Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска престојува во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур, каде остварил повеќе средби со лидери и претставници на пратеничките групи во ЕП.
Како што информира МНР, Димитров остварил средби со Ги Верхофштад – претседател на АЛДЕ, Рајнхард Бутикофер, претседател на Европската зелена партија, претседавачот со групата на Пријатели на Македонија – Ханс ван Бален, со претседавачот со Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) – Дејвид МекАлистер од Европската Народна Партија, со потпретседателот на Европскиот парламент – Андреј Ковачев, исто така од ЕПП, со Сергеј Станишев – претседател на Партијата на европските социјалисти и со неговиот сопартиец Кнут Флекенштајн, како и со Чарлс Танок од групата Европски конзервативци и реформатори.
На состанокот со европратениците, министерот Димитров разговарал за актуелните случувања по заклучоците на Европскиот совет минатата недела, во контекст на натамошните фази од ЕУ интегративниот процес на Република Македонија.
-Фактот што Бугарија и Грција така силно се заложија за европската иднина на Република Македонија, всушност значи дека во нашиот регион успеавме да го создадеме она за кое говореше Шуман: Европа нема да се изгради одеднаш или според еден единствен план, туку преку конкретни постигнувања, кои најпрво ќе креираат фактичка солидарност, порачал Димиртов, наведува МНР во соопштението.
Димитров учествувал и на состанокот на политичката група АЛДЕ, а имал засебни средби и со Иво Вајгл, известувач за Република Македонија во Европскиот парламент, со Тања Фајон од Партијата на европските социјалисти, како и работен ручек со европратеникот Арно Данжан од Европската народна партија.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












