Девојката која била нападната во Струмица: Носеа секири и ножеви

727

По вчерашната брутална тепачка во центарот во Струмица во која беше истепан еден човек, на социјалните се обрати и девојка која тврди дека претходно била нападната од група вооружени лица, објави „Струмица денес“.

По сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално, а со нив носеа секири и ножеви, зар тоа да дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје? Ги повикувам надлежните институцции да застанат во одбрана на вистината. Зашто ако не се спречат навреме следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови – пишува девојката.

Вчера околу пладне се случила тепачката во центарот на Струмица, а во која учествувале повеќе лица. Снимка од инцидентот беше објавена на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.