Телото на девојката која што вчеравечер се удавила во водите на реката Вардар во Гостивар е пронајдено утринава во околу 3 часот.
Според неофицијални информации по неа скокнал човек за да ја спаси, но не успеал, јавуваат локалните медиуми, а по него се уште се трага.
Според неофицијални информации, нешто малку пред полноќ, помлада жена била забележана во водите на реката Вардар кај кланицата.
Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во својата намера и бил повлечен од брзаците на реката.
Набрзо потоа настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи од Брза помош, полиција и пожарникари.
Идентитетот на лицата по кои што се трага, засега е непознат.