Судирот на индиските и кинеските војници на линијата на разграничување која двете земји ја оспоруваат, однел најмалку 20 животи на индиски војници. Бројот на жртви на кинеската страна и натаму не се знае.
Меѓутоа, двете земји тврдат дека во смртоносниот судир не бил испукан ниеден куршум или граната. Наместо тоа, стотина војници од двете страни се служеле со тупаници, метални шипки и камења.
Ниедна од страните наводно не носела оружје, во склад со долгогодишната пракса договорена за да не дојде до неконтролирана ескалација на насилствата меѓу двете нуклеарни сили. Имено, иако и на почетокот на оваа година, како и во 2017-та година, меѓу двете војски на границата доаѓало до физички судири, последен пат размениле оган пред 45 години.
Како што откриваат индиски извори, судирот избил во понеделникот навечер на планинската клисура над реката Галван, каде индиската воена патрола одненадеж налетала на кинески војници. Индиските сили мислеле дека кинеските се повлекле од тоа подрачје во склад со договорот за деескалација направен на 6-ти јуни, тврдат овие извори.
Кинеските војници, наводно, го турнале индискиот полковник од карпа во река. Тогаш двете страни повикале засилување и дошло до насилна тепачка. Околу 600 војници се бореле речиси цела вечер, околу шест часа, на стрмен, груб планински терен.
Сличен, но многу помал физички судир се случил и во мај, но тогаш никој не настрадал. Кратко после тоа протекла и снимка од судирот, но индиската војска никогаш не ја потврдила како автентичен.
Извори за “Guardian” велат дека најголем дел од загинатите војници го изгубиле животот така што во борбата паднале или биле турнати од клисурата, баш како и нивниот командант. Кина, пак, не потврдила ниедна смрт на своите војници, но затоа ја обвинила Индија за иницирање на судирот со провоцирање на кинеските војници.
#IndiaChinaFaceOffAt least 20 Soldiers Martyred In Galwan Valley. Their Courage And Braveness should Not be forgotten
Their Sacrifices For Our Nation will always be remembered🇮🇳
We stand with indian army. We will fight back
Jai Hind#IndiaChinaFaceOff #IndianArmy pic.twitter.com/f5YM7QDFnt— Madhukar Rathod (@Maddy_2020) June 16, 2020
Индиските медиуми јавуваат, повикувајќи се на разузнавачки извори, дека до 50 кинески војници се убиени во судирот. Сепак, не се претставени никакви докази за тоа тврдење.
Сето ова е последица од граничниот спор на територијата околу која оваа овие две сили се спорат веќе со децении – слабо населеното подрачје на планинскиот ланец на Хималаите наречен Ладак. Инаку, станува збор за дел од Кашмир, регион на кој се спорат и Индија и Пакистан. Главна причина е тоа што и Индија и Кина ја гледаат оваа територија како стратешки важна, и во воена и во економска смисла.
Ниедна земја не ја признава моменталната линија на разграничување, која оди кон средината на спорната територија, како легитимна граница. Вистината граница на двете земји никогаш не е воспоставена бидејќи ги делел Тибет додека бил независна земја. Откако Комунистичка Кина го анектирала Тибет по Втората светска војна, Индија и Кина не успеале да се договорат околу точната граница.




