Денес сончево време со температури до 21 степен

97

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 15 степени.