Денес дознав дека ќерка ми се фатила со мој врсник, се тресам цела, не знам што да и направам, малолетна е

210

Некогаш навистина доаѓаат ситуации кога не си паметен што да направиш и мислиш дека таквите работи им се случуваат само на некои други луѓе, на луѓе кои не ги ни познаваш.

Сум слушала за вакви работи, ама за таму некојси едикојси и сум гледала на филмови.

Луѓе, не можам да се смирам, цел ден плачам и се тресам. Ќерка има само 17 години, а тој што го фатила за дечко има 38 години, колку мене!

Денес дознав и од шок паднав во несвест. Ова е грозно што се случува. Кога првпат ми кажа моја пријателка, не и верував, дури и се подналутив малку зошто шири такви грозни работи за ќерка ми. Ама денес ми покажа фотографии на кои мојата ќерка со тој никаквец се гушкаат интимно во парк на клупа. Доживеав нервен слом.

Едвај си дојдов на себеси и веднаш си дојдов дома. За среќа ја најдов во нејзината соба и веднаш и кажав дека знам за нејзината врска.

Не знам како се воздржав да не ја грабнам за коса и да ја истепам. Заслужува, особено после тоа како дрско ми одговори дека штом наполни 18 години планира за него да се мажи.

И се заканив дека мора да престане да се гледа со него. Во спротивно, веднаш ќе поднесам тужба против него за врска со малолетничка и ќе го обвинам за педофилство.

А таа мене хистерично ми одговори дека тој бил љубовта на нејзиниот живот и ако сум направела такво нешто дека ќе си го одзела животот. На маж ми сè уште ништо не сум му кажала, не знам како да му кажам, со кои зборови да му ја опишам состојбата.

Се плашам дека ќерка ми ќе направи некаква глупост, многу е импулсивна и непредвидлива. Се плашам од последиците, а не можам да молчам и ништо да не преземам. Што ме снајде, што да правам???