Корисниците од улицата „Будимпештанска“ во општина Карпош утре од 12:00 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Макајовски“ бр.36 и бр.39 и од улицата „Црвена Вода“ бр.36 во општина Центар, од 9:00 до 13:00 часот корисниците на делови од улиците „Ѓуро Салај“, „Алекса Демниевски“ – подулица 19 и „Даутица“ во општина Ѓорче Петров, а од 8:30 до 12:30 часот корисниците од улиците „Илија Димовски-Гоче“, „Кресна“(АВРОРА) непарните броеви од 9 а до 19 а во општина Аеродром.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















