(Видео) Открија планина со злато во Конго, локалците веднаш со лопати почнаа да копаат

795

Локалното население во Коњи Лухихи, лоцирано во провинцијата Јужен Киву во Конго, открило злато на почвата на планината лоцирана во таа област.

Имено, оваа планина има околу 60-90 проценти златна почва.

Кога дознале за „златната планина“, локалното население се упатило кон неа со лопати.

На видеото можете да видите како локалните жители, збиени заедно, се натпреваруваат да најдат повеќе злато.

Некои од нив со голи раце копаат земја за да го извлечат златото.

Селаните ја однеле земјата дома за да го извадат златото откако ја измиле.