Данела Арсовска денеска ја презема градоначалничката функција од досегашниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов. Шилегов ја пречека Арсовска во нејзиниот нов кабинет со букет цвеќе.
Арсовска денеска на првиот работен ден како градоначалничка на Скопје на сакаше да дава изјави, рече дека во среда ќе има брифинг со новинарите.
Шилегов на заминување кажа дека ја запознал Арсовска со основните работи важни за функционирањето на Градот.
„Останува избор на госпоѓа Арсовска што е тоа што е започнато ќе го продолжи. Дел од работите се сериозно започнати, во поодмината фаза се и тие заради законските прописи мора да бидат продолжени. Што од завршената проектна документација ќе биде продолжено зависи од Арсовска“, кажа Шилегов.
Арсовска на локалните избори настапи како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и освои околу 28.000 гласови повеќе од досегашниот градоначалник Шилегов.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












