Дали ни се заканува Хикикомори во Македонија?

702

Хикикомори е нарушување во однесувањето кое се манифестира со повлекување од надворешниот свет, недостаток на комуникација со најблиските и губење на интерес за училиште или работа.

Прв пат беше забележано во Јапонија кај машки личности, претежно млади лица, а најчесто повозрасни мажи. Но не се исклучени и девојки и жени. Ова нарушување е, всушност, социјалната фобија. Се проценува дека 70% од младите мажи страдаат од овој вид нарушување, кое трае подолго од 6 месеци, може и една година, а во многу од случаите и по неколку години.

Научниците заклучиле дека предизвикувачите за заклучување во својата соба се претежно насилство, љубовни проблеми или неуспех на училиште или работа. Покрај тоа, се вели дека интернетот е исто така виновен за изолација.

Сепак, Тахикиро Като, експерт во областа, наведува дека зависноста од Интернет не предизвикува ваков феномен иако има силна поврзаност за изолираноста. Во даден момент, Интернетот служи како сретство за индиректна комуникација со надворешниот свет и еден вид поминување на времето за време на периодот на изолација.

Собата на ваквите личности станува еден вид манастир или тврдина. Дури и кога одат во тоалет, хикикомори не го напуштаат просторот. Што се однесува до исхраната, тие се зависни од други луѓе и обично го јадат она што го оставаат нивните родители, пријатели, цимери, партнери… Повеќето млади хикикомори не се психички болни лица, но нивната социјална изолација наметнува потреба од интервенција на образовани лица и стручни лица за да можат да се вратат во нормалното секојдневно функционирање во општеството.

Личниот живот на таквите лица се карактеризира со:

– повлечен животен стил или самоизолација во куќа- стан,

– губење на интерес и желба за училиште и работа (првите знаци на отсуство или изолација може да се појават на возраст од 12 години),

– времетраење на нарушување подолго од шест месеци,

– понекогаш манифестираат агресивно однесување кон најблиските, околината, па дури и терапевтот, доколку не ги прифатат или помагаат во повлечен или самонаметнат начин на живот.

– присуство на фактори пред нарушување, како што се болни настани на училиште, злоупотреби од наставници или студенти, неуспех во испити или учење, тешки психолошки тортури на работното место, скршена љубов…

Според истражувањата до денес, ова нарушување ги погодува повеќето млади луѓе во Јапонија. Исто така, поголем број млади луѓе се жртви на ова нарушување во Шпанија, Франција, САД, Јужна Кореја, Италија, Германија, Бугарија, Грција, некои од Балканските земји…

Дали ова нарушување постои кај нас, не сме сигурни. Но дека вакви лица можат да се забележат, најдобро зборуваат стории и животни приказни на поединци.

Малку се зборува за менталното здравје на младите, па дури и на повозрасните. Сè уште постои табу тема за да се зборува за младинските проблеми. Се појавуваат нови проблеми, не смееме да носиме превез преку очите.

На новите проблеми им се потребни нови пристапи за нивно решавање. Јавните институции кои третираат вакви или слични проблеми треба многу поефикасно да се заложат. Треба секако и да се дебатира, да се опфатат повеќе агли, да се навлезе во сржта на проблемите. Едно општество е здраво само доколку има здрави решенија кои ќе помогнат, а не да бидеме сведоци на доцни реагирања.