Дали ќе има трета доза на вакцина за оние кои ја примиле вакцината на Синофарм?

1202
Засега нема официјална потврда дали ќе има трета доза на вакцина за оние граѓани кои ја примиле вакцината на Синофарм, објаснува доктор Мери Киријас од Институтот за имунологија и хумана генетика.

За неа е многу е рано да се даде ваков одговор, бидејќи во Македонија од многу скоро започна вакцинацијата со Синофарм. За оваа вакцина е потребно да започне дејството шест недели од примањето од втората доза.

Во Македонија најбројни се кинеските вакцини „Синофарм“, односно стигнати се над 300.000 вакцини. Има случаи на зараза по примањето и на втората доза, но сликата на боледувањето е многу полесна. Оние кои се заразиле во периодот кога се вакицнирани исто е како да не примиле вакцина граѓаните.

За Киријас е важно да се прими овој период било која вакцина, бидејќи е многу значајно да се намали бројот на сериозни инф

екции и болничко лекување, а за која вакцина и од кој производител ќе биде како трета доза ќе покажат истражувањата. И професорот од Германија за Канал 5 Андреј Трампуж вели дека не е важно да се бројот антитела туку бројки на вакцинирани.
„Во Германија не ги проверуваме антителата во крвта по вакцинацијата , бидејќи не покажуваат каков е имунитетот. Антителата не се единствен знак за добиен имунитет, туку имунитетот на клетките кои не можеме да ги видиме. Затоа мораме два пати сега да се вакцинираме и по шест до 12 месеци да ја ставиме и третата доза, но најверојатно ќе треба и четврта доза“.

Тој вели дека сигурно е дека ќе треба да се прими трета и четврта доза во втората половина на 2021 година и почетокот на 2022 година.