Дали електричните автомобили се поштетни од дизел-автомобилите?

121

Германско истражување ја довело во прашање еколошката прифатливост на електричните автомобили.

По новата анализа научниците укажале дека електричните возила ѝ помагаат на климата само теоретски и дека всушност се полоши од дизел-возилата.

Кристоф Бучал, професор по физика од Келн, направил извештај со колегите Ханс-Диетер Карл и Ханс-Вернер Син за Институтот за економски истражувања.

Кога ќе се земат предвид емисиите на јаглероден диоксид од производството на батерии и необновливи методи, користени за производство на електрична енергија во Германија, електричните автомобили ја оптоваруваат климата од 11 до 28 отсто повеќе од дизел-автомобилите, покажува истражувањето.

Батеријата за „тесла модел 3“ произведува 11 до 15 тони јаглероден диоксид. Со животен век од 10 години и капацитет да се поминат 15.000 километри годишно, тоа значи 73 до 98 грама јаглероден диоксид по километар, тврдат авторите.

Кога се зема предвид и емисијата на јаглероден диоксид што резултира од електричната мрежа, во реалност, „тесла“ емитува помеѓу 156 и 181 грам јаглероден диоксид по километар, што е значително повеќе од дизел-мерцедес.

Произведувачите на автомобили планираат поголемиот дел од своите понуди да ги префрлат на електрични автомобили, но авторите на истражувањето велат дека моторите на погон на метан се подобри бидејќи нивните емисии на јаглероден диоксид се за една третина пониски од емисиите на дизел.

loading...