По бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, и археологот Николај Овчаров смета дека со „Северните Македонци“, како што ги нарекува, треба „со кротко, со добро и со малку ќотек“.
„Немам ништо против нашите членови на историската комисија. Тие се многу добри професионалци, добри научници, но се гледа дека се доста меки. Со Северните Македонци треба потврдо. Ќе потсетам на моите омилени зборови од Македонецот Андреј Љапчев за тоа како треба да се постапува: ‘Со кротко, со добро и со малку ќотек’, ако е потребно“, изјави тој за бугарски „Фокус“.
Овчаров му предложил на премиерот Бојко Борисов формирање група за притисок, составена од историчари и од филолози, која ќе ја објаснува бугарската опзиција за Македонија во Европа и во САД.
„Ние ‘Мајка Бугарија’, како што тие понекогаш со потсмев нè нарекуваат, постојано отстапуваме“, констатира тој и смета дека треба да се премине во напад, објаснувајќи ја бугарската позиција со историски факти.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















