Илон Маск : „Младите многу повеќе да ризикуваат, отколку да работат напорно“

629

Илон Маск е работохолик, некој кој има големи идеи, амбиции и огромно богатство, но започнал многу скромно.

Неодамна накратко беше и најбогатиот човек на светот, по што напиша Твит: „Колку чудно“ и „Па, назад на работа“.

„Кога јас и брат ми ја основавме првата компанија, немавме изнајмено стан. Изнајмивме само мала канцеларија и спиевме на кауч. Се туширавме во просторот на христијанските заедници. Имавме само еден компјутер, работев по седум часа во неделата, а навечер правев кодови“, навел Маск во една прилика.

Извршниот директор на компанијата „Tesla“ и понатаму е озлогласен работохоличар.

Во 2018-та година во текот на произведувањето на „Model 3“ тој често работел и по 120 часа во неделата и спиел во фабриката.

„Имаше моменти кога не излегував од фабриката по три или четири дена“, изјавил Маск.

Меѓутоа, тој признал дека тоа влијаело на неговиот однос со децата.

Поради тоа, тој сега на помладите генерации повеќе ги советува да ризикуваат, отколку да работат напорно.

„Луѓето имаат тенденции да го преценат ризикот“, изјавил Маск чија компанија за производство со електрични автомобили започна со работа во 2004-та година.

„Едно е доколку имате хипотека за куќа и деца. Но, доколку сте млади и штотуку сте завршиле факултет, што ризикувате?“, вели американскиот милијардер.