Најголемата ѕвезда во поранешна Југославија Здравко Чолиќ открива дека во седумдесеттите години имал понуда да се пресели во Германија и таму да гради кариера. Но, тој ја одбил понудата бидејќи бил врзан за семејството и вели дека не жали за таквата понуда.
Не сакав тогаш да живеам во Германија бидејќи се беше неизвесно, а кариерата во Југославија ми одеше одлично, со многу концерти.Беше природно да останам.Фамилијарно бев врзан за Сараево, и денеска би постапил исто.Но денеска пак е можно да живееш на едно место, а да работиш на друго поради технологијата-вели Чола.
Инаку, ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ која ретко може ја видиме во јавноста пред неколку недели наполни 18 години и го прослави својот роденден во друштво на пријателите и семејството.
Од она што може да се види на нејзиниот инстаграм-профил, ќерката на Чола роденденот го прославила опкружена со балони и свеќички, а пријателите преку социјалните мрежи и’ праќаат честитки и објавуваат заеднички фотографии.
Ова е ретка можност јавноста да може да ѕирне во приватноста на семејството на пејачот, затоа што Здравко Чолиќ, покрај својата музика, е познат и како некој што својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста.
За потсетување, Чола е во брак со Александра од 2001 година, а веќе 19 години тие успеваат да ја чуваат својата љубов далеку од очите на јавноста. Покрај Уна, Чола има уште една ќерка, Лара.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)




















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



