Блажевиќ во разговор за „Јутарњи Лист“ посочи дека овојпат не е толкав оптимист како во претходните два случаи, зашто наодите кои ги има сега се алармантни и свесен е дека ситуацијата воопшто не е добра.
„За жал наодите се многу лоши. Лекарите ги убија метастазите на три места, ама во меѓувреме ракот се прошири на коските и на карлицата. Кога докторката ми рече дека ситуацијата не е добра, ПСА-вредностите беа четири. Веќе следниот пат таа вредност скокна на девет и тоа веќе беше алармантно, а на последниот преглед вредноста веќе е 20“, изјави Блажевиќ.
Тој посочи дека е свесен дека му доаѓа крајот и дека не може вечно да живее.
„Веќе извесно време ги нема ни Томислав Ивиќ, ниту Ото Бариќ, ни Влатко Марковиќ, го нема повеќе ни Цицо Крањчар. Си заминаа нашите тренерски великани, па не може ни јас да останам за семе. Помирен сум со ситуацијата, единствено што сакам е да си заминам без болки. Отсекогаш сум имал низок праг на толеранција за болки“, додал Блажевиќ.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















