Ченинг Тејтум потполно гол: Жените останале без здив!

633

Актерот изгубил кладба, па се соблекол гол

Ченинг Тејтум се соблекол гол, се сликал, па фотографијата ја објавил на Инстаграм.

Славниот 39-годишен актер објаснил и како дошло до оваа секси објава која добила повеќе од 2,7 милиони лајкови.

„Изгубив во Џенга од Џеси Корниш (Џеси Џеј). Никогаш повеќе нема да играм Џенга со неа!“, напишал и додал дека губитникот (тој) морал да објави фотографија по избор на победникот.

Фотографијата ги воодушевила обожавателите на актерот, но и 31-годишната пејачка Џеси Џеј.

„Мислам дека го сруши Интернетот“, напишала Оливиа Кулпо.

За само 14 часа, фотографијата добила повеќе од 2,7 милиони лајкови.

„Добар избор на фотографија. Ти благодариме“, коментирале фановите.