Македонскиот ракометен шампион Вардар за следната сезона нема да може да смета на услугите на Кристијан Дисингер, затоа што германскиот ракометар се сели во Романија, односно ќе го носи дресто на Динамо Букурешт.
Двете страни веќе постигнале договор и 29-годишниот бек потпиша соработка на две сезони и ќе биде големо засилување за амбициите на романскиот шампион. Со преселбата во Динамо, Дисингер ќе стане првиот германски репрезентативец во романската ракометна елита.
Германскиот бек во новата средина заминува по трите успешни сезони како член на Вардар, клуб со кој освои две домашни титули и во Келн го подигна трофејот од Лигата на шампионите.
За Германија има 19 настапи, со 42 постигнати голови, а на репрезентативен план има златен медал на Европското првенство во 2016 година и бронза на Летните Олимписки Игри во Рио. Покрај Дисингер, ново засилување на Динамо Букурешт се очекува да биде и францускиот ас Седрик Сораиндо.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











