Пронајдени се сите 12 деца, кои пред девет дена исчезнаа во пештера во северниот дел на Тајланд. Исто така пронајден е и нивниот тренер и сите се живи, пренесува BBC.
Мисијата за спасување сè уште не е завршена
Сите се на сигурно, но мисијата сè уште не е завршена, рече Наронгсак Осотанкорн, гувернерот на провинцијата Чианг Раи.
Најголемиот проблем за спасувачите ќе биде евакуацијата од водата во пештерата. Гувернерот објави дека во меѓувреме ќе испрати лекари и медицинкси сестри за да ја провери здравствената состојба на децата и тренерот.
Децата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25 годишен тренер исчезнаа минатата сабота откако одлучиле да истражуваат десет километри долг комплекс со пештери Там Луанг во покраината Чаинг Раи, и покрај тоа што имало знак за предупредување за посетителите дека внатрешниот дел е целосно поплавен. 12 деца и тренерот влегле во пештерата после фудбалскиот тренинг.
Покрај влезот биле пронајдени велосипеди и патики кои им припаѓале на децата, а спасувачите се надеваа дека отисоците ќе се совпаднат со оние на исчезнатите.
Нивните родители кампувале пред пештерата надевајќи се дека ќе се вратат.
Во потрагата учествуваа повеќе од 1000 луѓе
Меѓународните спасувачки екипи, вклучувајќи ги и оние кои ги испрати Американскиот пацифистички тим ѝ помогнале на тајландската морнарица во операцијата за спасување, која се одвиваше со потешкотии поради обилните врнежи.
Во потрагата учествувале повеќе од 1000 луѓе. Нуркачите синоќа се приближиле до местото на кое децата исчезнале и каде верувале дека децата се засолниле со цел да не ги поплави водата.

“Спасувачите синоќа успеаја во пештерата да пронајдат две големи комори. Едната е длабока 55 метри, а другата помеѓу 60 и 90 метри”, рекол заменик-шефот на полицијата Вирачаи Сонгмета.
Низ отворот во пештерата во петокот бил внесени 20 пакети со вода, храна, лекови, батерии и пораки за исчезнатите. Во пораките пишуваше: “Ако го добиете ова, одговорете и покажете на мапа каде сте. Сите ќе Ви помогнеме за брзо”.