Цеца Ражнатовиќ: „Вељко ќе го женам наскоро, но Анастасија не ја давам така лесно!“

240

Поминаа три години откако фолк – ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ го издаде последниот албум, а нејзината публика на големо се распрашува кога ќе излезе новиот. Со оглед на тоа што најблиската соработничка на Цеца, текстописката Марина Туцаковиќ води борба со канцерот, неизвесно беше дали и кога пејачката ќе влезе во студио, а сега за српски „Блиц“ открила дека со Марина се спремаат за нови работни победи и дека албумот наскоро ќе биде објавен.

Ги преслушуваме мелодиите и се трудиме да внесеме некои иновации во новиот албум. Не оди така, се уште бараме мелодии кои ќе не допрат. На Марина најважна и е мелодијата, пишува врз основа на неа, рекла Цеца.

Неодамна на мастер часот на шминкерот Душан Лазиќ се појави без грам шминка, поради што собра бројни комплименти.

Слушнав голем број на коментари, ми приоѓаа колешки кои присуствуваа на настанот, но тој мој потег го коментираа и голем број на други луѓе кои по пат на медиумите беа известени за целиот настан. Не сметам дека е нешто револуционарно тоа што се појавив без грам шминка,сметам дека за жената која има самодоверба тоа не е проблем, а секоја жена која е задоволна ја има. Не очекувам да изгледам како девојка од 25 години, што не е ни природно, но очекувам да добијам пофалби дека сум негувана жена и водам сметка за својот изглед. Колку и е да напорна оваа работа, секогаш се трудам да изгледам свежо и негувано. Добив многу комплименти поради тоа што го направив и сум среќна, додала Цеца.

Во нејзиниот дом овие денови се слави и успехот на ќерката Анастасија чија песна „Ране“ е прва по слушаност ширум целиот регион. Поради тоа наследничката на фолк ѕвездата заврши и во хрватскиот дневник, а Цеца е горда на тоа.

Фото: Инстаграм

Секако дека гледав, бев многу горда и драго ми е што музиката ги руши сите бариери. Исто така ми е драго што музиката не се става во политички контекст затоа што на сите ни е преку глава од тоа. Музиката треба да шири љубов и позитивна енергија. Еве наскоро ќе спремаме свадба за Вељко, а Анастасија уште не ја давам, рано е за неа, заклучила Ражнатовиќ.

loading...