БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН Љyпчo Пaлeвcки, лекарите се борат за неговиот живот

726

Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево е брутално нападнат и претепан. Според информациите на Нетпрес тој е во критична состојба во Систина, а лекарите се борат се неговиот живот.

„Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две  лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Палевски, откако беше пуштен на слобода од притворот во Србија, во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта.

Тој ја објави аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името.