Британската туристка, Аује Такадас, завршила во затвор бидејќи во саботата удрила шлаканица на полициски службеник на аеродромот во Бали, Индонезија, јави „Би-би-си“.
Таа била снимена како вербално и физички го напаѓа службеникот кој ја казнил поради илегален престој во земјата, бидејќи ја пречекорила својата виза за престој, за 160 дена.

Туристката е прогласена за виновна за насилство над службено лице. Неа ѝ се заканува казна затвор од шест месеци, за којашто таа тврди дека е неправедна.
Британката се упатила кон Сингапур, а вработените на аеродромот ја издвоиле за проверка. Кога добила авионска карта, службениците откриле дека нејзината виза била истечена, па ѝ рекле дека ќе мора да плати казна од 3.500 долари, односно 25 долари за секој ден илегален престој во земјата.

Таа почнала да вика по службениците бидејќи поради проверката го пропуштила летот за Сингапур. Потоа му удрила шлаканица на полицаецот по што била одведена во притвор.









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













