Британија: Седум починати од тромбоза од 18 милиони вакцинирани со Астразенека

719

Седум луѓе починале во Велика Британија од редок тип на тромбоза откако се вакцинирале со „АстраЗенека“, потврди британското регулаторно тело (МХРА). Вкупно 30 од 18 милиони имунизирани со оваа вакцина добиле тромбоза, заклучно со 24 март. Засега е нејасно дали ова е случајно или е насакана реакција на вакцината.

Британските регулатори уште еднаш нагласија дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, како што заклучија и Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови.

Германија, Франција, Холандија и Канада се меѓу земјите кои ја ограничија употребата на оваа вакцина на одредена возраст, односно над 55-60 години.

Германија пријави девет смртни случаи меѓу 2,7 милиони вакцинирани со „АстраЗенека“, главно жени.