БРЕСТОВАЦ: ВАРДАР ГО ЗЕМА ЃУКИЌ, ШТО ЌЕ ГО ПОБЕДИ ФЛЕНСБУРГ? ГИ СТАВААТ ВО СЕНКА ЏОМБА, ТОМИ…

60

Следен противник на македонската ракометна репрезентација во главната рунда по поразот од Словенија е Русија, дуел кој се игра денес (15:30 часот).

Селекторот, Данило Брестовац на денешната прес-конференција, се сврте кон главниот проблем. Младите играчи и шансата која ја добиваат во своите клубови. За пример го зема Вардар и најновото засилување во редовите на „црвено-црните“ по заминувањето на Иван Чупиќ.

Дарко Ѓукиќ ќе биде изборот на Стевче Алушовски пред искусниот Гоце Георгиевски, кој и онака се инаседе на клупата, а никаква шанса не се дава на Томислав Јагуриновски или пак воопшто не се размислува за друг млад играч.

„Постојано слушам критики ама никој не сака да си погледне во очи, ние немаме играчи. Како јас да земам некој кој што во домашното првенство, неговиот клуб го става во Б-тим и зема странци. Играат во плеј-аут и пак ангажираат странци. И сега тие истите сакаат да ги земам нивните играчи во репрезентација? На крајот федерацијата е крива или јас. Мора да се грижиме за нашите играчи кои играат во домашните првенство. Ова треба да биде главна задача дали на мене или следниот селектор.
Најпрост пример доаѓа од Вардар, зошто го земаат Ѓукиќ, да не го победат Фленсбург? Зошто не му даваат шанса на Џомба и на Јагуриновски“, вели Брестовац.

Оваа слика најмалку ќе ја гледаме во следните две години. Според него Македонија немаше да помине најдобро ниту во најсилен состав.

„Мислите дека со најсилен состав ќе победувавме, не, повторно ќе бевме поразени со три-четири разлика. Без Столе, Кире, Пешевски и Митревски ќе биде уште потешко, верувајте“, рече Брестовац. Немаме друго решение, во ротацијата треба да бидеме квалитегни, мора да ја прошириме клупата. Ова ќе боли една до две години. Ние немаме 20 бека, мора да создаваме играчи, не сакаме да се погледнеме самите себе“.