Боли… цената: Пуштен во продажба најскапиот лек, изнесува 2,1 милион долари

115

Американската агенција за лекови одобри пуштање во промет на лекот “Zolgensma” на швајцарската фармацевтска компанија “Novartis” во мај оваа година, чија една доза изнесува 2,1 милион долари.

Лекот се зема еднократко, а поради високата цена е прогласен за најскапо медицинско средство на светот.

Новиот лек за спинална мускулна атрофија “Zolgensma” стана важен двигател на значително подобрите деловни резултати во третото тримесечје, објави неговиот произведувач, компанијата “Novartis”.

Вкупните приходи на оваа компанија пораснале за 10 отсто во третото тримесечје, на 12,2 милијарди долари. Нето добивката е зголемена за 8 отсто, на 2 милијарди долари.

Помеѓу трите клучни придвижувачи на растот во “Novartis” ја издвојуваат генската терапија за деца заболени од спинална мускулна атрофија, лекот за псоријазен артритис “Cosentyx” и “Entresto” со кој се лекуваат хронични срцеви болести.

Во периодот од јули до септември, лекот донел приходи од 160 милиони долари, наведуваат од “Novartis”, објавувајќи за првпат конкретни цифри. Половина од пациентите кои денес земаат “Zolgensma” претходно се лекувале со производ на американскиот “Biogen”.

Лекот имал успех во САД, но сè уште чека одобрување од надлежните во Европската унија и Јапонија. Извршниот директор на компанијата, Вас Нарасимхан, тврди дека тоа нема никаква поврзаност со неодамна објавените извештаи за наводната манипулација на податоците од истражувањата.

Сепак, признава дека сè уште има неодговорени прашања во врска со неговото производство.