БОГАТА МАЈКА ДОЗНАЛА ДЕКА НЕЈЗИНИОТ СИН ГИ ИСМЕВА СИРОМАШНИТЕ ДЕЦА, СИТЕ И ЧЕСТИТААТ НА КАЗНАТА КОЈА ЈА СМИСЛИЛА ЗА НЕГО

100
Сигурно, барем еднаш во вашето детство, дали во училиште, на тренинг, во парк или на маало, сте сретнале некое разгалено дете кое ги понижува останатите деца поради нивната материјална состојба?

Една мајка од САД, смислила одличен начин како своето дете да го научи на вистинските вредности.

Една богата мајка дознала дека нејзиниот размазен син во училиште ги малтретира и исмева сиромашните ученици, па смислила казна како да го научи на памет, но таткото на момчето не се сложило со тоа па им се обратила на корисниците на социјалната мрежа Редит со прашање дали донела добра одлука.

“Јас сум прилично финансиски стабилна, а таткото на мојот син е многу богат па алиментацијата овозможува на синот да му купам се најдобро. Од неговото училиште овој месец ме известија дека мојот син ги малтретирал и исмејувал сиромашните деца, тие чиј родители во училиште стасуваат во евтин автомобил или оние кои себе си не можат да си овозможат брендирана облека. Бев многу згрозена и разговарав со него за тоа. Тој нема со што да се гордее, бидејќи нема работа, заштеда, ниту пак инвестиција или лично богатство. Само му се посреќи да се роди во добри околности и тоа е се”, напишала таа.

Во продолжение објаснила дека својот син го натерала да им се извини на тие деца, но и додала уште една казна.

“Исто така одлучив оваа година да не купувам брендирана облека. Нема да го носам во училиште со Порше или Јагуар, туку со стар автомобил. За сите активности со кои ќе се занимава, нема да му купувам нова опрема, туку ќе ја изнајмуваме”, набројала таа.

Синот, секако, веднаш се побунил, тврдејќи дека пријателите во училиште ќе се потсмеваат со него.

“Иако неговиот татко воглавно е отсутен и не се меша во воспитувањето на детето, дознал дека неговиот син се вози во “крнтија” и дека вежба во позајмена опрема. Тој со таа казна не се сложува бидејќи тврди дека е многу важно каков впечаток ќе остави и смета дека нашиот син оваа казна може да го обележи до крајот на животот”, заклучила таа.

Поголемиот дел од луѓето застанаа на нејзина страна и многумина и честитаа на тоа што момчето го учи на вистинските вредности.

“Тоа е одлична казна”, “Да, тоа ќе го обележи за целиот живот, но не на лош начин. Ќе го научи на скромност”, “Мене ме малтретираа во училиште и мислам дека е прекрасно што го учиш синот дека не смее тоа да го прави”, беа некој од коментарите на нејзината објава на социјалните мрежи.

Што мислите вие за потегот на мајката? Оставете ни ги вашите одговори во коментар.