Ако некој ви кажеше дека има дете кое е само две години помладо од него, не би му верувале, но благодарение на напредокот на медицината, тоа е можно.
Бебето Моли има само 5 недели, а таа е само 18 месеци помлада од нејзината мајка Тина, а технички веќе има 27 години. Ништо не ти е јасно? Па, модерната медицина ни го овозможи тоа.
Моли Еверет Гибсон е родена од ембрион кој беше замрзнат уште во 1992 година, само 18 месеци откако се роди нејзината мајка Тина (29).
- Веројатно е тешко за вас да го поврзете сето ова, но што се однесува до нас, Моли е нашето мало чудо – мама Тина ја започнува приказната за NY Post.
Научниците од Универзитетот во Тенеси велат дека Моли ќе влезе во книгата како најдолгиот замрзнат ембрион што е роден.
Моли е родена на 26 октомври и го сруши рекордот што претходно го држеше нејзината сестра Ема, која беше „чувана во мраз“ 24 години, пред да пристигне на овој свет во ноември 2017 година.
Двата ембриони беа замрзнати истовремено во NEDC (Национален центар за донирање ембриони)
- Голема награда е што може да се види дека ембрионот, кој беше замрзнат пред многу години, сега прераснува во толку убаво бебе – вели д-р Керол Сомерсфелт, директор на NEDC.
Тина и нејзиниот сопруг Бенјамин (36) дошле во NEDC откако пет години се обиделе да добијат дете по природен пат . Бенјамин, всушност, има цистична фиброза, што довело до стерилитет.
Тие прво сакаа да посвојат дете, но потоа видоа телевизиски извештај од NEDC и ги контактираа нив.
Отпрвин не сакаа да се согласат, но на крајот го посетија центарот. Ним им беа презентирани профили на 300 странци кои ги донираа своите ембриони.
На денот од превзимањето на ембрионот, Тина откри дека ембрионот е замрзнат 24 години.
Кога се роди Ема, тие двајцата беа неизмерно среќни. После неколку години, Тина и Бенџамин сакаа да добие Еми брат или сестра . Тие не размислуваа долго време па го сторија тоа .
Така се роди Моли.
- Се додека правилно ги чувате ембрионите, на минус 396 степени, тие можат да преживеат долго време. Моли е вистински доказ за тоа – вели д-р Сомерфелт.
Моли имала нешто повеќе од 3 килограми при раѓање и таа е слатка, здрава и вистинска девојка. Родителите велат дека се свесни дека нивните деца се чудо, особено во светот на научниците.
Тина вели дека Ема е воодушевена од нејзината сестра која има само 5 недели.
Младата брачна двојка сè уште размислува за проширување на семејството, па сметаат дека ќе имаат и трето дете.