Гатузо вчера го напушти Милан, а веќе денес си пронајде нова работа

936

Џенаро Гатузо вчера потврди дека ја напушта клупата на Милан по 18 месеци и дека среќата ќе ја побара во некој друг клуб.

Гатузо не успеа со Милан да избори место кое води во Лигата на шампионите што оваа сезона беше главна цел. Веднаш по завршувањето на сезоната соопштено е дека си заминува и дека големиот притисок е нешто со што повеќе не може да се носи.

Овој стручњак на клупата на „Росонерите“ мина 18 месеци, а изјави дека од доаѓањето на „Сан Сиро“ не успеал ни да се наспие бидејќи притисокот бил се поголем и поголем.

Гатузо имаше договор на уште две години, но порача дека си заминува со чист образ и дури не сакаше да го земе обештетувањето на кое имаше право.

Меѓутоа, се чини дека тој нема долго да чека на нова работа, бидејќи веќе добил нова понуда. Италијанските медиуми објавија денеска дека Гатузо е во преговори со Сампдорија и дека веќе се е договорено.

Според „Калчо Меркато“, тие договориле соработка за следните три сезони, а официјално се би требало да биде објавено во следните неколку дена.