Властите на Саудиска Арабија соопштиле денес дека биле потпишани договори вредни 56 милијарди долари на овонеделната инвестициска конференција во Ријад, и дека САД ќе останат клучен партнер на Саудиска Арабија, и покрај делумниот бојкот на тој собир поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Еден број водечки светски службеници и директори на компании од САД и Европа ја бојкотирале тридневната инвестициска конференција која почнала во вторникот, но, и покрај тоа, конференцијата “Идни инвестициски иницијативи” привлекла стотици бизнимени и владини службеници од земји ширум светот.
Главна цел на тој настан е привлекување на странски капитал за да се поддржи спроведувањето на саудиските економски реформи.
“Направени се повеќе од 25 договори во вредност од 56 милијарди долари”, изјавил саудискиот министер за енергетика Калид Ал Фалих на државната телевизија, додавајќи дека со американски компании биле потпишани најмногу договори.
“САД ќе останат клучен дел од саудиската економија бидејќи интересите кои не врзуваат се многу поголеми од интересите кои ослабеа со неуспешниот бојкот на конференцијата”, изјавил тој.
Убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул предизвикало критики од целиот свет, а Саудиска Арабија дури по повеќе од две недели соопштила дека Кашоги бил убиен во нејзиниот конзулат во Истанбул.



















![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











