БИЗАРНО ВИДЕО: Доставувач со плинска боца уби крадец на продавница

247

Доставувач со помош на празна плинска боца успеа да спречи обид за грабеж на продавница на Филипините.

На снимката од надзорните камери може да се види дека вооружениот крадец влегува во продавницата како муштерија. Во тој момент во маркетот влегува и доставувачот на плински боци. Разбојникот почекал сопственикот да остане сам, па почнал да се заканува со пиштолот и да бара пари.

Во целата тензија пиштолот пукнал, а тоа го привлече вниманието на човекот за испорака, кој тргна кон напаѓачот со празна плинска боца. Разбојникот се обиде да побегне со торбата со пари, но доставувачот излезе по него и со боцата го погоди во главата.

Крадецот починал на самото место поради силината на ударот, а доставувачот со боцата го удрил и соучесникот во грабежот, кој успеал да побегне со сериозни повреди на нозете.

По него сè уште се трага и распишана е потерница од 2.000 американски долари.