Бискупот кој ги допираше градите на Аријана се извини: “Можеби ја преминав границата…”

270

Во петокот се одржа погребот за кралицата на соул музиката, Арета Френклин, која почина во својата 77-та година од рак на панкреас.

Во чест на починатата колешка, на нејзиниот погреб запеале Фејт Хил, Аријана Гранде, Чака Кан и уште многу други, а погребот го водел бискупот Чарлс Х. Елис кој ја запрепастил јавноста со своето однесување.

Имено, тој во текот на церемонијата ѝ ги допирал градите на младата Аријана и се шегувал на нејзина сметка.

Аријана допатувала до Детроит заедно со својот вереник, комичарот Пит Дејвидсон. Таа ја отпеала една од најпознатите песни на Арета, “A Natural Woman”, а потоа бискупот ја довел до подиумот. Додека со десната рака ги допирал нејзините гради, тој велел дека нејзиното име звучи како мени од ресторанот за брза храна “Taco Bell”.

Елис подоцна се извинил за се’ што направил.

“Немав намера да допирам гради на било која жена. Не знам, претпоставувам дека ја ставив раката околу неа и можеби ја преминав границата. Можеби сум премногу слободен и пријателски настроен, но се извинувам”, изјавил Чарлс, кој додал дека се извинува и за шегата за нејзиното име.

Освен Елис, и поранешниот американски претседател Бил Клинтон предизвика расправа на социјалните мрежи. Имено, додека Аријана пеела, Клинтон ја набљудувал со насмевка на лицето.

“Ова е одвратно. Има сопруга, а вака одмерува девојка која би можела да му биде внука. Не му е доволна една афера, преварант секогаш останува преварант”, биле само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Но, некои застанале и на страната на Клинтон и ја обвиниле Аријана дека била неприкладно облечена.

loading...