Бисерот на Арабија

558

Со цел да го дуплираат бројот на меѓународни посетители на пет милиони до 2020-та година, властите ги истакнуваат напорите да привлечат туристи преку бесплатни визи, потенцијално најдобар аеродром на светот и најдолг зип-лајн на светот.

Оман и тоа како е подготвен да го зголеми бројот на посетители, но тоа ги прави полека и сигурно. Неодамна се најавени и низа поттици за посетителите, вклучувајќи и планови на државата да изгради најдолг зип-лајн на светот во Ал Хамбра, поточно во едно до најсликовитите села во Оман, со што ќе се подобри планинскиот туризам.

Исто така, портпаролот на полицијата најавил дека се работи на воведување на електронски визи во вид на апликации кои ќе бидат бесплатни. Проширувањето на капацитетите на аеродромите исто така е неопходно за зголемување на бројот на посетители, а пред некој ден бил отворен аеродромот “Duqm”, кој е четвртиот регионален аеродром во земјата и кој ќе функционира како влез во централниот регион. Има капацитет да прими половина милион патници годишно.

Во меѓувреме, Аеродромот “Muskat” учествува во истражувањето на Skutrax, кое има за цел да го избере најдобриот аеродром на светот, а оваа награда се смета за Оскар во воздухопловната индустрија. Победникот ќе биде објавен на 27-ми март, но без разлика кое место ќе го заземе, аеродромот веќе има многу пофалби поради архитектурата, ефикасноста, гостопримливоста и напредни технологии.

Освен сите новини кои Оман ќе ги воведе за да привлече туристи, станува збор и за земја која е позната првенствено по гостопримливоста, но и политичката стабилност, па токму сега е времето за оние кои бараат малку лето во јануари.