Биохемичар го разби митот – еве колку сол е неопходно да внесуваме во организмот

262

Роб Волф, биохемичар, водечки експерт за исхрана и автор на два бестселери за здравата исхрана, неодамна во еден поткаст открил дека мислењето „да користиме што помалку сол“ е погрешно.

Тој додал дека луѓето почнале без причина да стравуваат од одредени намирници и состојки и дека кампањата против внесување на сол е беспотребна.

„Натриумот е преседан за функционирање на човековиот организам и важен за бројни функции, како рамнотежа на електролитите, апсорбирање на хранливи состојки или работа на бубрезите“, објаснил Волф и додал дека внесувањето на премала количина натриум е поопасно од внесувањето во поголеми количини.

„Причината е врската меѓу натриумот и калиумот, премалку калиум и премногу натриум во исхраната може да го зголеми крвниот притисок, па меѓу нив мора да постои баланс“, вели експертот.

„Доколку изгубам натриум, телото само ќе излачи калиум за меѓу нив да воспостави рамнотежа, а премалку калиум може да биде опасно и да предизвика слабост во мускулите, висок шеќер во крвта, па дури и аритмија. Сепак ни премногу калиум не добро, поради тоа што во тој случај може да дојде до неправилна работа на срцето“, вели Волф.

„Натриумот е неопходен и минералите мора да бидат избалансирани поради тоа не треба да го избегнувате туку да водите сметка да го внесувате преку квалитетна морска сол, а не преку преработена храна која е преполна со натриум“, советува докторот.

„Кога во организмот внесуваме околу пет грама натриум на ден или повеќе, шеќерот во крвта дополнително се нормализира, а се подобруваат и апетитот и сонот“, истакнува тој и додава дека сепак секое тело различно реагира и дека пациентите со висок крвен притисок мора да ги слушаат препораките од своите доктори.

Да ве потсетиме, СЗО препорачува внес до пет грама сол на ден кај возрасните луѓе.