Бил Гејтс ги откажал своите планови за одмор, вели дека влегуваме во најлошиот дел од пандемијата

540

Бил Гејтс ги откажува повеќето свои планови за годишен одмор поради ширењето на омикрон сојот на коронавирусот.

“Токму кога изгледаше дека животот ќе се врати во нормала, би можеле да влеземе во најлошиот дел од пандемијата”, напишал Гејтс на Твитер.

Пред само две недели во објавата за крајот на годината на својот блог Гејтс напишал дека 2021-ва била “најнеобична и најтешка година во неговиот живот”.

Но, рекол дека се надева дека крајот на пандемијата е на видик и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022-ра.

“Пандемијата би можел да биде готова до 2022”

Сепак, изгледа дека брзото ширење на омикрон сојот негативно влијаело на оптимизмот на Гејтс.

Во серија од седум твитови рекол дека омикрон се шири побрзо од било кој вирус во историјата и дека тоа ќе биде најлошиот бран кој сме го виделе досега.

Гејтс рекол дека брзото ширење би можело да значи дека бранот на омикрон во САД би можел да трае пократко од три месеци и истакнал дека пандемијата би можела да биде готова до 2022-ра ако се преземат правилните чекори.