Џош Хартнет во 90-тите години важеше за холивудски заводник и момче за кое многу девојки сонуваа.
По неколкуте големи улоги кои го прославија, Хартнет потполно исчезна од филмската индустрија и ретко се појавува во јавноста.
Денес има 40 години, но неговиот лик останал речиси непроменет. Џош постигна статус на холивудска ѕвезда по улогата во култниот филм “Pearl Harbor”, а подоцна заблеска и во „Black Hawk Down”.

По тие две улоги, неговата слава започна да бледнее, а тој се вратил во својот роден град Минесота и одбил поголем дел од улогите кои му биле понудени. Со Тамсин Егертон се венчал во 2012 година. Тие се родители на две деца, но поради фактот што вешто ја кријат својата приватност, не се познати ни имињата ниту возраста на децата.
Во друштво на својата сопруга, поранешниот холивудски заводник уживал со дружењето со припадниците на британското кралско семејство на свечената вечера и насмеано се ракувал со принцот Чарлс.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















