Секоја чест на Кремљ, Црвениот плоштад и на сè останато, но веројатно повеќето од нас, кога ќе се спомене Москва, веднаш помислуваат на величествената катедрала во разни бои. Доколку навистина е така, не е на одмет да се научи нешто повеќе за неа…
Ова архитектонско чудо е изградено во средината на 16 век, а неговото градење претставувало тежок подвиг. Во тој момент, тоа било највисоката градба во градот, а помогнале и советите од Италија околу новата техника на ѕидање. Катедралата ја покажала моќта на Русија која само што излегла од војна, а според легендата која „живее“ до ден-денес, страшниот руски цар Иван Грозни наредил да се ослепат архитектите за никогаш повеќе да не можат да направат подеднакво величествена градба.

Со оглед на тоа што речиси 5 векови подоцна, идентитетот на архитектите не може да се потврди, можеби легендата е вистинита. Денес се смета дека архитектите заслужни за катедралата се познати како Барма и Постник Јаковлев, со тоа што многумина сметаат дека всушност станува збор за една личност, односно дека Барма е прекар кој што го носел Јаковлев.

Градбата, службено позната како Покровска катедрала (неслужбено е наречена по Св. Василиј), има 10 куполи. Секоја од нив е со различна боја – сина, зелена, црвена, жолта… Во светот добро ја познаваат по бајковитиот изглед, а ја сакаат и туристите кои годишно ги привлекува повеќе од 400 илјади. Со текот на времето, таа сепак доживеала значајни промени и реставрации, но успеала да го преживее нападот на Наполеон во 1812 година, а и покрај страшните предвидувања, ни самиот Сталин не се осудил да ја сруши.
Иако, треба да се напомене дека во 1928 година била пренаменета и сè до 1990 година всушност била музеј, а дури потоа ѝ е вратена првобитната намена.

Но, да се вратиме на куполите. Иако денес се обоени, а катедралата е со црвена боја, се претпоставува дека по изградбата таа била бела со златни куполи. Сепак, 17-от век довел до нејзиниот денешен изглед, но до ден-денес (поради недостиг на документи) историчарите не можат со сигурност да го потврдат тоа.

Секако, покрај веќе спомнатиот Кремљ и Црвениот плоштад, катедралата е препозната од страна на УНЕСКО кој ја сместил на листата на светско наследство.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

