Австриски виролог: Живот како пред пандемијата веќе нема да биде возможен

445

За одржлива борба против пандемијата, смета Штајнингер, потребни се и “други столбови” и истакнува дека се потребни рутински тестови за пристап на одредени места, но и утврдување на ниво на антитела, за да се дознае повеќе за статусот на имунитетот на населението.

Австрискиот виролог Кристоф Штајнингер оценил дека живот како пред пандемијата повеќе нема да биде можен.

Штајнингер во изјавата за виенскиот дневник “Prese”, укажал дека во текот на подготовката на епидемиолошките мерки се променила и психологијата на луѓето.

“Нема никогаш веќе да прифатиле некој да внесе вирус во болниците или десетина илјади луѓе кои не се вакцинирани, ниту излечени од корона, или тестирани, да можат едни покрај други да бидат на концерт. Во такви ситуација повеќе нема да се чувствуваме добро”, нагласил експертот од Медицинскиот универзитет во Виена.

Тој тргнува од тоа дека населението ќе мора да се навикне на “нови мерки”, да води живот кој многу ќе потсеќа на овој.

“Само со вакцина нема да можеме да ја држиме пандемијата под контрола”, предупредува Штајнингер.

Вирологот вели дека, по прашањето на вакацинацијата, има уште долг пат пред Австрија, бидејќи засега само десет проценти од населението е целосно имунизирано.

“На тој пат ќе можеме да сметаме на нови мутации, кои можеби ќе ја заобиколат вакцината. Се наоѓаме во трка, во која можеби нема да победиме, иако со вакцините имаме исправен инструмент во рацете”, рекол Штајнингер.

За одржлива борба против пандемијата, смета тој, потребни се и “други столбови” и истакнува дека се потребни рутински тестови за пристап на одредени места, но и утврдување на ниво на антитела, за да се дознае повеќе за статусот на имунитетот на населението.

Тој е уверен дека обврската за носење маски ќе остане уште долго, пред се во областите каде не е возможно да се држи дистанца и каде тешко ќе се контролира дали е некој вакциниран, излечен или тестиран, како што е такси, хотел или јавен превоз.