Австралија: Македончињата од забавиште до 12-годишна возраст ќе го учат македонскиот јазик во училиштата на Нов Јужен Велс

1029

Владата на Нов Јужен Велс во Австралија објави дека во наставниот план и програма за македонскиот јазик за првпат ќе биде застапен од забавиште до 12 годишна возраст во училиштата на оваа сојузна австралиска држава.

Ова во радио интервју за информативната програма на Македонски јазик за австралиската телевизиска и информативна мрежа SBS, го соопшти Жаклина Михајлова, претседателка на Македонскиот просветно-училишен одбор во Нов Јужен Велс.

Михајлова во радиоемисијата говореше за значењето на оваа одлука на австралиските власти за Македонците и македонската заедница во Австралија.