Авионот на Путин се тресел, а пистата воопшто не се гледала: Искусниот пилот проговори за најужасниот лет во неговата кариера

168

Владимир Федорушкин, истакнат пилот и поранешен командир на рускиот претседателски авион, откри како тој и неговиот копилот доживеале вистинска драма за време на летото со Путин.

Ситуацијата била прилично незгодна и за малку можела да се случи голема несреќа. Федорушкин се присети на ужасниот лет од Москва до родниот град на Владимир Путин, Санкт Петербург.

„Времето во двата градови беше многу неповолно за летање, ветровите дуваа од сите страни. Полетавме и на висина од 5-6,000 метри настапија неверојатни турбуленции. Тоа беа турбуленции на ведро небо“, открива Федорушкин кој вели дека тоа било најтешкиот лет во неговата 40-годишна кариера.

„Автопилотот цело време се исклучуваше. Се искачивме на висина од 9 илјади метри и толку многу се тресевме, така што да не бевме врзани, ќе удиравме со главите во кровот од авионот. Управувачот моравме да го држиме мирно, а дури и во услови кога се работеше нормално, се поместуваше само за една третина“, се присети Федорушкин.

И покрај големото невреме и силните турбуленции, тие слетале безбедно, а Владимир Путин го повикал пилотот на разговор.

„Ме повика во неговата канцеларија. Ме праша што се случило. Имавме краток разговор, не многу пријатен. Веројатноста да ја промашиме пистата беше 90%, но тоа сепак не се случи“, додаде Федорушкин кој не прецизираше кога се случил овој инцидент.

loading...