Пациент позитивен на коронавирус вчера побегнал од Градската општа болница „8 Септември“, по што морала да интервенира полицијата.
Како што изјави директорот на „8 Септември“, Христијан Костов, станува збор за бездомник од Куманово кој на почетокот на овој месец бил донесен во болницата со возило на Брза помош. Пациентот бил позитивен на коронавирус и имал пневмонија.
„Пациентот почна да заздравува, стана од кревет, почна да шета и дежурната екипа околу 9 часот навечер во вторникот забележала дека го нема и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го нашле околу 2 по полноќ во близина, во дворот на болницата. Мислиме дека немал контакт со никого, но за секој случај го изолиравме во посебна соба“, изјави д-р Костов за „СДК“.
„Вчера во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата“, потврдија од Министерството за внатрешни работи.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



